Сиљановска-Давкова по дополнителните анализи ќе даде предлог за гувернер на Народната банка

Од:

Предлогот за гувернер на Народната банка денеска нема да биде доставен до Собранието. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, како што информираат од нејзиниот Кабинет, вчера имала разговор со кандидатите за гувернер и ќе направи дополнителни анализи по што ќе го достави предлогот до законодавниот дом.

Од Кабинетот на претседателката нагласуваат дека тоа и го дозволува законот и дека тоа што предлогот ќе биде доставен за некој ден нема да влијае врз работата на институцијата затоа што до изборот на нов гувернер, функцијата ја врши актуелниот гувернер.

Меѓу кандидатите кои се споменуваат за оваа функција се актуелната гувернерка Анита Ангеловска-Бежоска, професорот Трајко Славески и поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески.

И од Собранието утринава информираа дека досега не е пристигнат предлогот за гувернер.

Петгодишниот мандат на актуелната гувернерка Анита Ангеловска Бежоска која стапи на функцијата на 22 мај 2018 година, истекува на 21 мај.

Би можело да ве интересира

Народна банка: Денеска реализирани 750 исплати во „АЛТА банка“ во Битола, Струмица и Тетово

А1он

НБРМ: Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола во Битола, Тетово и Струмица – исплатата на средствата се одвива непречено

Горан Наумовски

Славески: Најдобрата опција е ова што го правиме – заштита на имотот и штедните влогови на граѓаните и продажба на „Алта банка“ АД Битола

А1он

Народна банка: Oд следната недела лимитoт за подигање готовина и плаќања се зголемува од 10.000 на 15.000 денари

А1он

Народна банка: Денеска „АЛТА банка“ АД Битола им изврши исплата на 556 пензионери

Народна банка: Не е забележан трансфер на поголеми средства во и кон Србија и Русија преку Алта банка Битола