Народен правобранител: Да се работи на интеграција на лицата со посебни потреби

Од:

Народниот правобранител по повод Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби апелира сите чинители во општеството во следниот период уште позабрзано и попосветено да работат на целосна интеграција на лицата со посебни потреби со што би се оствариле нивните права.

– Интеграцијата, а не исклученоста е движечката сила на едно општество. Во тој поглед да ги направиме достапни за сите, градинките, училиштата болниците, државните институции, телевизиските емисии… Само на тој начин ќе покажеме дека работиме за вистинските човечки вредности. Но, на ова да не бидеме посветени само еден ден, денес 3 Декември, туку и останатите 364 денови во годината. Само така, ќе ја покажеме нашата грижа за секоја единка во општеството, вели Народниот правобранител во соопштението испратено по повод Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби.

Би можело да ве интересира

Уставен ја укина одредбата од законот според која на лицата со тешка попреченост над 65 години не добиваа парична помош

A1on

Владата ја усвои Новата Национална стратегија за правата на лицата со попреченост 2023-2030

Трибина на ВМРО-ДПМНЕ: Се загуби 70-годишната траекторија во образовниот процес на лицата со попреченост

МТСП: Лицата со попреченост заслужуваат подеднакво можности за развој, затоа оваа Влада континуирано инвестира и во социјалната заштита

Влада: Започнува процесот за креирање на нова Национална стратегија на лицата со попреченост

А1он

Тренчевска: Преку соработката со граѓанските организации обезбедувaме поддршка за сите граѓани​

А1он