Еден тон марихуана запленила лани царината во 16 акции за спречување шверц на наркотици. Во акциите, според извештајот на Царинската управа за работењето во текот на изминатата година, се запленети околу три килограми кокаин, хероин и други наркотици.
-Начините на криење и прикривање нелегална и забранета стока стануваат се посложени, поинвентивни и пософистицарни. За идентификација и откривање на ваквите случаи и соодветно насочување на нашите ресурси и активности за нивно сузбивање постојано користиме разузнавачки податоци и инфорамции од спроведена анализа на ризик. За да обезбедиме поголема сигурност на границата перманенетно работиме на подобруање на метологиите и способностите врз основа на анализа на ризик, посочуваат во Извештајот.
Покрај наркотици, во 2018 година српечени се 13 обиди на шверц на 41.786 парчиња лекови и медицински помагала. Според податоците се шверцувало тблети, инсулински пенкара, креми, капсули, ампули, анестезии, стоматолошки инструменти и материјали.
Спречени биле 40 обиди за шверц на цигари при што цариниците откриле 345.042 парчиња цигари и други тутунски производи. Потоа шест обиди за шверц на девет килограми сребро во гранули и над два килограма златен накит.
Се шверцувале и храна и пијалаци. Царинските службеници спречиле шверц на 735 шишиња алкохол и 4.565 килограми и 109.411 парчиња прехранбени производи. Меѓу откриената стока имало пилешки стек, домашна ракија, домашно вино, охридска пастрмка и рибарски мрежи.
И луксузни производи се нашле на листата на шверцерите. Царината открила околу 5.000 парчиња луксузна облека, модни додатоци и козметика. откеини биле парфеми, десодоранс, наочари за сонце, ремени, паричници, фустани, обувки, часовници, бунди.
Лани бил спречен и обид за нелегална трговија со оружје. Биле откриени четири аир софт пушки, два пригушувачи и три дијаболи за нив, еден гасен пиштол и 50 парчиња муиција за пиштолот.
Граѓаните се обиделе и нелегално да пренесат 308.730 евра, 31.500 долари, 32.300 швајцарски франци и 13.000 британски фунти што биле откриени од цариниците во 32 обида.
Во годината што измина биле пренесени легално и пријавени 11.996.059 евра, од нив поголемиот дел се внесени во земјава.