Нарко-босови јавно ѝ се заблагодаруваат на Силјановска, која е цената и кој ги зел парите за ова помилување реагира СДСМ

Од:

Откако вчера ослободениот нарко бос јавно ѝ се заблагодари на Силјановска, станува јасно дека ова е договорено сценарио. Сега останува само отворено прашањето: која е цената и кој ги земал парите за ова помилување прашуваат од СДСМ.

– Прашањето е: што ѝ должи власта на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН на криминалците од нарко-кланот „Барон“, и какви услуги им враќаат? Откако Силјановска вчера се заплетка со својата несмасна изјава, а потоа беше демантирана од Гордан Калајџиев дека комисијата само дава мислење, а претседателката е таа што помилува, денес е должна да излезе заедно со Мицкоски и да објаснат што е позадината на овој скандал. Го повикуваме и министерот Филков, кој два дена се крие во глувчешка дупка, да каже каква е неговата улога во целиот скандал и да не молчи. Правната држава денес е погребана, а правичноста која ја ветуваа ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска важи само за нарко-картели и лица од подземјето. Безбедносната ситуација е сериозно нарушена, улиците се небезбедни и, згора на сè, ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска пуштаат криминалци и нарко-дилери на слобода. Македонија станува опасно место за живеење, а граѓаните се плашат за својата безбедност благодарение на политиките на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Сиљановска-Давкова од Треблинка: Нема да дозволиме да се избрише болната меморија за Холокаустот и за нашите македонски Евреи

А1он