ВИДЕО: Наплив на пациенти заболени од Ковид-19, пуштена во употреба и монтажната болница

Од:

Од вчера е пуштенa во употреба монтажната болница за лекување на пациентите заболени од Ковид-19, по големиот наплив на пациенти во последниов период. Засега, таму се сместени тројца пациенти.

Министерот за здравство Венко Филипче рече дека „ова е најголемата здравствена криза досега“ и дека интензивно се работи на реорганизација со цел да се одговори на напливот на пациенти.

Во моментов, во болниците се сместени 330 пациенти заболени од Ковид-19.

„Клиниките се оптоварени, а здравствените работници се изморени по четиримесечна борба. Се очекува дека бројот на испишани на пациенти ќе биде помал од бројот на примени пациенти, а потоа се очекува состојбата да стивне“, вели Филипче.

Целиот фокус во изминатите денови, тврди тој, e насочен кон клиничкиот дел и реорганизација на болниците.

„Во оваа фаза од епидемијата мора да се реорганизираме и можеме да го заштитиме здравствениот систем и да го намалиме притисокот врз здравствените работници. Во моментов капацитетите се различно пополнети, далеку од максимумот, но има ротации, а и приватните болници го понудија својот капацитет и поддршка“, рече Филипче.

Во Битола има 20 слободни кревети, 16 во Кавадарци, а добри се и капацитетите во тетовската болница, каде се сместени 8 пациенти, информираше Филипче.

Во ГОБ „8 септември“ има голем број слободни кревети, капацитетот е 250 и кадарот во болницата е целосно посветен на лекување на заболените од Ковид-19.

За еден ден, во земјава има 193 нови случаи на Ковид-19, а починати се 9 лица.

Најмногу заболени има во Скопје – 1425 активни случаи, а потоа следуваат Куманово, Штип и Тетово.

Од скопските општини, најмногу заболени има во Чаир – 306, потоа следат Аеродром со 119 активни случаи, Гази Баба и Центар со по 114 случаи, Бутел со 106 случаи, Карпош со 100 случаи и Сарај со 95 случаи.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

Филипче да каже со која болница преговарал за да добие виза, бара ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Венко демантира, Филипче признава дека има златна виза во Дубаи

А1он

Манасиевски: Ако Филипче има златна виза од друга држава, тогаш како може да вели дека тој е иднината

Димитриевски до СДСМ: Каде ги повикувате да се вратат социјалдемократите – во становите на Венко, во Дубаи или во празната зграда на Бихачка

Прашање на време е кога ќе им се распадне, Филипче за владината коалиција

Катерина Ѓуровски