Напаѓачот на Шекеринска излезе од затвор по одлежани две години и девет месеци

Од:

Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на сегашната министерка за одбрана Радмила Шекеринска на 27 април 2017 година во Собранието. Директорот на затворот „Идризово“ Александар Донев за „А1он“ вели дека Ангелов ја одлежал казната.

„Тој беше осуден за насилство и прв дојде на одлежување на казната во Идризово. Беше осуден на четири години, но одлежа две години и девет месеци оти доби амнестија 30 отсто од казната, а од нашата установа му беше скратен еден месец. Тој се однесуваше примерно, беше речиси незабележлив. Нема ништо негативно забележано за него во нашата установа“, изјави директорот Донев за „А1он“.

На 27 април 2017 година Ангелов упадна во Собранието заедно со групата насилници. Објавените снимки покажаа дека прво му се заканува на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, а потоа ја влече за коса сегашната министерка за одбрана Шекеринска.

Ангелов на судењето го призна делото и рече дека искрено се кае за стореното.

„Се извинувам кон целата јавност за тоа грозомормно дело што го направив и им се извинувам на оштетените во оваа кривична постапка. Не ми беше целта да ја повредам, туку да ја тргнам настрана. Во тоа тргање можеби употребив повеќе сила“, рече Ангелов на почетокот на судскиот процес против него.

Би можело да ве интересира

Јанакиески бил незаконски притворен и држен во домашен притвор за „Шпански скали“ и 27 април, пресуди судот во Стразбур

Александар Тодески

(ВИДЕО) Го спаси Села во собранието, одлежа шест години затвор: Алими денеска излезе на слобода

А1он

Прва пресуда од Стразбур за 27 април – Божиновска: Сакам правда, не пари

Анита Петровска Рајковиќ

Предметот „Организаторите за 27 април“ вратен во Кривичен суд, рочиштето одложено

Ана Ололовска

Група граѓани пред Собранието побара слобода за обвинетите за 27 април

Ана Ололовска

СДСМ: „27 април“ е најцрниот датум во историјата на македонската демократија