Нападнати и ограбени сириски мигранти кај Гевгелија

Од:

Пет сириски мигранти вчера биле нападнати и ограбени од група лица во село Смоквица, Гевгелиско.

Како што соопшти МВР, настанот бил пријавен вчера во 10:30 часот во Полициската станица Гевгелија. Петте сириски државјани,кои илегално ја преминале грчко-македонската граница, истиот ден околу 01:20 часот во с.Смоквица биле физички нападнати од страна на 7-8 засега непознати лица. Напаѓачите од мигрантите одзеле 1.000 евра и три мобилни телефони.

Од страна на итна медицинска помош тие биле пренесени во Медицинскиот центар Гевгелија, каде полициски службеници обавиле разговор со нив.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Момче од Мароко низ солзи го молеше шпанскиот војник да не го враќа назад

Предраг Петровиќ

67 мигранти загинаа во хаосот во Сеута

А1он

Вивас: Околу 60.000 мигранти дојдоа во шпанската енклава, а 34 загинаа

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Историски мигрантски бран: За еден ден во Сеута пристигнаа речиси 49.000 лица

(ВИДЕО) Катастрофа во Сеута: Најмалку 18 мигранти загинаа

ВИДЕО: Илјадници мигранти влегоа во Сеута, локалните власти бараат распоредување на војската