Нападнатата девојка дава исказ во полиција, ќе добие психо-социјален третман

Од:

Девојката од Штип, која беше претепана од страна на двајца насилници кои во меѓувреме беа уапсени, во моментов е во полициска станица и дава исказ. Со оглед на тоа што се работи за насилство, заедно со неа е стручен тим од педагог, психолог и социолог од Центарот за социјални работи од Штип кои извршиле разговор со неа и ѝ понудиле психо-социјална помош, информираат од Министерството за труд и социјални работи за „А1он“.

„Беше направен разговор со девојката од страна на тимот и укажана ѝ е првична психо-социјална поддршка. Девојчето ќе се вклучи во психо-социјален третман во рамките на советувалиштето на Центарот за социјални работи Штип каде што ќе и се даде соодветна поддршка и зајакнување. Одбиено е сместување во шелтер центар за жртви на насилство, но, проценето е дека во домот каде што живее нема ризик од повторување на насилството“, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

Како што велат оттаму, девојката била збунета поради притисокот на јавноста и обелоденувањето на случајот, а во денешниот разговор со социјалните работници не се согласила Центарот да бара од судот изрекување на мерки на претпазливост.

„Девојката не даде согласност за изрекување на мерки за забрана кои Центарот за социјални работи може да ги побара од судот. Станува збор за 11 мерки кои се изрекуваат, како на пример забрана за приближување, телефонирање, да се приближува до неа на 100 метри од домот или местото каде што престојува. Тимот повторно ќе разговара и утре околу евентуална согласност. Целта на овие мерки е запирање на насилство, отстранување на последиците од извршеното насилство и преземање соодветни мерки кон сторителите на насилството. Судот во краток рок ги изрекува тие мерки и потоа истите ги следи Центарот за социјална работа во период до една година“, инфромираат од Министерството.

Насилството, според информациите на Министерството, било извршено пред 3 месеци.

Полицијата денеска постапи по допрен глас, односно откако на Фејсбук група беше споделено видеото на кое се гледаше како во влез во зграда брутално ја тепаат двајца мажи. Тие за кратко време беа идентификувани и приведени, и се чекаат понатамошните постапки од полицијата, обвинителството и судот.

Случајот наиде на жестоки реакции на социјалните мрежи, а граѓаните бараат најстроги казни за насилниците.

Би можело да ве интересира

Шахпаска: Приоритет е унапредувањето на правата на лицата со попреченост и нивна поуспешна социјална инклузија

Ана Ололовска

Сите пратеници да дадат придонес во донесувањето на законот за спречување и заштита од дискриминација, апелира Шахпаска

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Шахпаска: Ова законско решение ги адресира сите основи на дискриминација и е од големо значење за сите граѓани

Ана Ололовска

Шахпаска се сретна со претставници на здружението „Храбро срце“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Шахпаска: Ако доследно се почитуваат протоколите, ќе се заштити здравјето на децата и вработените

Ана Ололовска

Нов дневен центар за деца и млади со интелектуална попреченост до крајот на годинава

Ана Ололовска