Нападнат полицаец на Водно

Од:

Полициски службеник бил нападнат утрово во Скопје, при преземање службени дејствија.

Како што информира МВР, инцидентот се случил на паркинг на Средно Водно во 2 часот по полноќ. При преземање службени активности од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција (ЕИП) за легитимирање машко лице, лицето почнало да упатува вербални навреди и пцовки, а во еден момент замавнало и со двете раце и удрило полициски службеник во пределот на градниот кош.

По настанот, поради болка во градниот кош полицискиот службеник е однесен во ГОБ „8 Септември“ за укажување за лекарска помош.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Приведен возач без дозвола и двајца малолетни сопатници, во возилото пронајден пит бул повреден во борба со кучиња

Приведени двајца малолетници во Неготино, проголтале бела грутчеста материја кога наишла полиција

Опожарени три возила кај Бит Пазар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден

Претрес во Делчево, пронајдена дрога и огревно дрво без документација, лишено од слобода едно лице

Велика Сабота – денот меѓу смртта и воскресението