Наместо нов објект, охридскиот здравствен дом ќе биде само закрпен

Од:

Наместо нов , охридскиот здравствен дом ќе биде само закрпен. Иако пред секој избори се ветуваше дека објектот познат како Маларична каде се сместени брзата помош, матичните лекари, стоматолози и неколку други одделенија ќе биде минато, а за потребите на Здраствениот дом ќе биде изградена нова зграда од тоа барем засега нема ништо.

Неофицијално пари за нов објект нема, па министерот за здравство Никола Тодоров при последната посета на Охрид побарал од раководството на Здравствен дом да ја започне процедурата за реконструкција на покривот и негово проширување со неколку нови простории. Објектот на Маларична стар повеќе од 40 години е во катастрофална состојба и прашање на време е кога покривот ќе се урне.

„Во два наврати дојдоа и стручни екипи кај нас. Дури да изградиме нов објект ќе го оспособиме стариов бидејки многу пари се трошат за изградба на болницата која се уште не е завршена. Започна постапка за реконструирање на покривот на објектот и на итната медицинска помош да го реконструираме и да го прошириме за две три ординации. Министерот откако беше овде, по една недела дојде негов тим овде. Проектот е веќе во министерството, но како се ќе се одвива зависи од нив“, вели Митко Дабески директор на Здраствен дом Охрид.

Инаку во изминативе години локалната и централната власт се препукуваа околу проектот за изградба на нов здравствен дом во Охрид.  Од Здравствениот дом велеа дека локалната власт со години не им издавала одобрение за градба, додека пак од од локалната дека здравствен ги нема расчистено имотно-правните односи. Според проектот новиот здравствен дом требаше да се гради во кругот на Општата болница на површина од 3.000 метри квадратни и беше предвидено беше да се одвојат 2 милиони и 230 илјади евра.

„Според планираното во делот на Болничкиот комплекс ќе се изгради многу современ Здравствен дом. Во новата зграда, покрај амбулантите и диспанзерите од примарната здравствена заштита, ќе биде отворен и Ургентен Центар, кој е повеќе од потребен на Охрид. Тука ќе се згрижуваат сите итни случеви од охридскиот регион. Според условите кои ќе ги нуди новата зграда, таа ќе биде една од најсовремените Здравствени установи од примарното здравство во Македонија -изјави директорто Митко Дабески пред три години, во декември 2009 година.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Приведен охриѓанец, го фотографирал гласачкото ливче

Катерина Ѓуровски

Работнички од Непал му избегале на газдата од Охрид, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

(ВИДЕО) Пожар во охридската кафеана „Беко“

Горан Наумовски

Ванковска: Сосема нов Устав, затоа што постоечкиот е неупотреблив – дели наместо да сплотува

А1он

Левица од Охрид: Тука Нефи го рушеше АСНОМ додека Пецаков молчи

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска: Ги исполнуваме препораките на УНЕСКО и заеднички овозможуваме трајна заштита на Охридскиот регион