Наместо на македонски, превод на бугарски јазик

Од:

На официјалната средба на охридските хотелиери и туристички агенции со руски тур оператори, организирана од страна на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, пред два дена во Охрид, немало превод на македонски јазик, дознава А1.

Ова го потврдија и дел од присутните на средбата, иако никој не сакаше да зборува пред камера. Елена Лотеска Наумоска од туристичката агенција Глобус Травел телефонски ни го потврди ова.

„Госпоѓата што го водеше состанокот ни рече,дека нема потреба од превод, бидејќи се, се разбира. Откако колегите од Русија почнаа да се претставуваат почнавме да реагираме дека ништо не разбираме.

– Во тој момент беше даден предлог да ни се преведува на бугарски, иако госпоѓата која што преведуваше од руски на бугарски не беше овластен преведувач туку беше претставник на туристичка агенција од Бугарија. Таа имаше склучено договор со една од руските агенции за носење на руски туристи во Македонија“ вели Лотеска.

Таа додава дека поради ова не паднал никаков договор со руските тур оператори, а дел од колегите заминале и порано од средбата. Дел од хотелиерите кои ги консултиравме велат дека и тие се криви за слабото присуство на Руси во Охрид.

http://a1on.mk/makedonija/prevod-na-bugarski-jazik.html

Материјалите кои ги понудиле на средбата лично тие, биле на англиски и на германски, но не и на руски. Бараат ваквите средби да бидат подобро организирани и на истите секогаш да има официјален преведувач, а тур операторите од странство пред секоја средба да направат обиколка на сите хотели.

Директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, Јордан Трајков, телефонски за А1 рече оти немало никаков пропуст во организација на средбата од страна на агенцијата и оти не станува збор за политичка туку за бизнис средба на која секој со секого се разбрал.

Оној кој сакаше да се разбере се разбра рече Трајков. Тој прашува, кога не знаат руски јазик, како тогаш нашите агенции ќе се разберат со Русите кои ќе дојдат во Охрид и кој тогаш ќе им преведува на нив?

Вели дека жената што преведувала зборувала мешавина од повеќе балкански јазици, а не бугарски. Тој рече дека според податоците на Државниот завод за статистика минатата година Македонија ја посетиле 3.545 гости од Русија, кој оствариле вкупно 11.082 ноќевања.

Мики Трајковски

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар во охридската кафеана „Беко“

Горан Наумовски

Ванковска: Сосема нов Устав, затоа што постоечкиот е неупотреблив – дели наместо да сплотува

А1он

Левица од Охрид: Тука Нефи го рушеше АСНОМ додека Пецаков молчи

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска: Ги исполнуваме препораките на УНЕСКО и заеднички овозможуваме трајна заштита на Охридскиот регион

Мониторинг-мисијата на УНЕСКО на проценка во Охрид

Кражбата во средното училиште во Охрид ја извршила ученичка