Салата на киното Фросина, беше претесна за да ги собере сите почитувачи на великанот на македонското новинарство Никола Младенов.
Скршени од болка, но и горди на неговото дело, од него се простија сопругата Билјана, двете ќерки, колегите-новинари, претставници на невладиниот сектор, претстваници на опозициските партии, професори.
„Никола Младенов се гордееше со сите новинари од редакцијата „Фокус“, рече сопругата Билјана.
Таа место едноминутно молчење побара аплауз за нејзиниот починат сопруг.
Новинарот Саше Димески посака како многу пати досега и овој пат да биде тужен за неговиот вчерашен текст дека Никола Младенов загинал. Посака повеќе од се таа вест да се покаже како неточна.
Неговата школска другарка и колумнист Мимоза Ристова,со солзи во очите, рече дека од мал секогаш прв им ги соопштувал вестите.
На комеморацијата, за делото и новинарските дострели на Младенов, но пред се за големата загува говореа Насер Селмани, претседателот на Здружението на новинари, Тамара Чаусидис, претседател на новинарскиот синдикат и еден од неговите први соборци во новинарството Синиша Станковиќ.