Намалено загадувањето на воздухот во Скопје во февруари

Од:

Според анализата на резултатите на загадувањето на воздухот во февруари во Скопје, со споредувањето на нивото на ПМ10 честички и бројот на денови на надминување, споредено со истиот период од претходните години, може да се заклучи дека позитивните трендови на опаѓање продолжуваат.

Од графиконите забележливо е дека во сите мерни станици поставени во централното градско подрачје (Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат) има континуитет во намалувањето на загадувањето во последниве години – 2018, 2019, 2020 и 2021. Како пример, најзагадениот ден со максимална средно дневна концентрација на ПМ10 во Општина Карпош е од 471 микрограми на метар кубен во 2017-та, додека оваа година бројката е повеќе од четири пати намалена, односно изнесува 100 микрограми на метар кубен. Во 2021-ва Карпош и Гази Баба го бележат најниското ниво на максимална средно дневна концентрација на ПМ10 честички од 2015-та, односно од моментот кога започнуваат мерењата за концентрација на ПМ10 честички во воздухот. Исти или слични резултати се измерени во сите државни мерни станици во Скопје.

При анализа на податоците за февруари, вклучувајќи ги сите државни мерни станици во централното градско подрачје, по драстичниот пад во 2018-та година, сведоци сме на постепено и континуирано намалување на нивото на максималната вредност на ПМ10 во воздухот.

Доколку пошироко се анализира темата и бројките кои се однесуваат на неа и направиме пресек на годишно ниво, ќе видиме дека падот на нивото на ПМ10 честички на метар кубен е посебно видлив последната 2020-та година. Имајќи го превид фактот дека и јануари и февруари (односно најзагадените месеци) од 2021-ва има дополнително намалување на бројките, може да се очекува дека 2021-ва ќе биде подеднакво охрабрувачка. Тоа што е посебно значајно е дека овие податоци се индикација дека се преземени вистински чекори во насока на надминување на овој проблем долгорочно.

Ваквите податоци се вистинска индикација дека треба да се продолжи со преземените активности за истите доведат до посакуваната цел, Скопје и скопјани да дишат чист и здрав воздух.

Би можело да ве интересира

Посебен режим за камиони, засилени контроли во сообраќајот, вонредни инспекции кај потенцијалните загадувачи – мерки за намалување на загадувањето

СДСМ: Скопје најзагаден град, а власта на ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за загадениот воздух

Кој е најголем добитник од рудниците: Државата, локалните жители или инвеститорите

Предраг Петровиќ

Еко-манипулација: Новите рудници ќе работат под еколошки стандарди и се ќе биде чисто, зелено и еколошки

Предраг Петровиќ

Врховен утврди начелен став дека државата е должна да обезбеди здрава животна средина, непреземањето дејствија е повреда на правата на граѓаните

ИКС: Да зборуваме повеќе за животната средина во време на растечка еколошка криза