Четири пати пониско од просекот за јануари е нивото на реката Вардар кај Јегуновце. Двојно се намалени водостоите на Вардар кај Зајчев Рид во Скопје и на Крива река кај Крива Паланка.
Регистрирано е и намалување на нивото на Црна река кај Новаци, информираа од Управата за хидрометеоролошки работи.
Извесни зголемувања на нивоата, според денешните мерења на УХМР, имаат Треска кај Македонски Брод, Пчиња кај Катлановска Бања и Сатеска кај Ботун.