Намалено нивото на реките

Од:

Речиси пет пати пониско од просекот за јануари е нивото на реката Сатеска кај Ботун, а тројно намален е Вардар кај Јегуновце, покажуваат денешните хидролошки мерења.

Според УХМР, 2,5 пати пониско е нивото на Цра Река кај Новаци, а намалени се и водостоите на Вардар кај Скопје и Велес, Треска кај Македонски Брод, Крива Река кај Крива Паланка и Брегалница кај Берово.

Зголемувања бележат Вардар кај Демир Капија, Пчиња кај Катлановска Бања и Црн Дрим кај Ложани.

Нивоата на Охридското, Преспанското и Дојранското езеро се речиси идентични со јануарскиот просек.

Би можело да ве интересира

Водостоите растат: Езерата и реките во Македонија бележат значително покачување

Зголемено ниво на реките низ земјата, метеоролозите најавуваат дожд утре

Рекордно зголемени водостоите кај Треска и Сатеска

Предраг Петровиќ

Зголемено нивото на реките, езерата во рамки на просекот за јуни

Зголемен водостојот на Преспанското Езеро

Ана Ололовска

Зголемен водостојот на Охридското Езеро

Ана Ололовска