Намалена видливост поради магла на Стража и Маврово

Од:

Сообраќајот низ целата држава се одвива тековно по влажни коловози. Намалена видливост од 20 до 50 метри поради магла има на патните правци Крак-Маврово и Крак-Стража.

Како што соопшти Јавното претпријатие „Македонија пат“, на одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот. Информираат дека нивните дежурни екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Граѓаните за подетални информации можат да се јават на дежурниот телефон 02/25 61 502 или да ја посетат веб-страница www.makedonijapat.com.mk

Би можело да ве интересира

АМСМ: На Попова Шапка врнежи од снег кој не се задржува на коловозот, Во Крушево намалена видливост поради магла

Намалена видливост поради магла на патниот правец Лисец – Попова Шапка, во Крушево и на планинскиот превој Плетвар

Намалена видливост до 50 метри поради магла на патниот правец Попова Шапка – село Лисец

Магла на Плетвар, влажни коловози

Отежнат сообраќај на Плетвар и кај Крушево поради магла и снег

Магла на патот Свети Николе – Сарамзалино – Велес