Намалена казната за Љубе Бошкоски

Од:

Апелациониот суд ја намали казната на Љубе Бошкоски од седум на пет години затвор.

Извори од апелација за А1 тврдат дека пред носењето на пресудата имало голема расправа за тоа дали треба или не да се укине пресудата на основниот суд, поради огоромниот број недоследности и недостаток на докази.

Еден од судиите тврди дека во почетокот биле тројца „за“ но по извршен притисок останале само двајца за поништување на пресудата.

Од неговото семјство трвдат дека одамна знаат за тоа каква ќе биде пресудата и дека била нарачана веднаш по пресудата во основниот суд.

Бошкокси и неговите адвокати уште при самиот судски процес негодуваа што не можеа да ги добијат материјалите од специјалните истражни мерки. Ниту ги добија видео материјалите на кои всушност нема никаква снимка како се предаваат парите.

Заштитениот сведок никој не го виде, беше со заматен лик и скриен од јавноста и адвокатите. За неговиот идентитет, гарантираше судијката која пак експресно после пресудата за Бошкоски беше унапредена во Апелациониот суд.

Судот не утврди како заштитениот сведок внесол 100.000 евра во земјава и прашуваа-дали такви пари со последователен сериски број не се можеби позајмени од Централната банка?

Адвокатите обвинението кое беше препишано од кривичната пријава го нарекоа „Босански лонец“ а сведокот „агент провокатор“.

Овој случај е влезен и во извештајот на Стејт департментот а сите политички партии освен тие од власта, го карактеризираа како „чист политички монтиран процес“.

 

Предраг Петровиќ

 

Би можело да ве интересира

Испукани три куршуми кон таткото на киднапираниот Самоил, еден го погодил во глава, еден во рамо: Костадиновски ќе биде опериран

Орце Костов

(ВИДЕО) Детали за инцидентот во Лисиче: Напаѓачот пукал кон таткото на Самоил, паднал од мотор и избегал

Орце Костов

Едно лице пукало пред домот на Самоил Костадиновски, повредениот е во болница, потврдија од МВР

Орце Костов

Пукано кон таткото на исчезнатиот внук на Љубе Бошкоски

А1он

Обединети за Македонија: Груевистичките мегафони не стивнуваат

ВИДЕО: Го бара ли некој киднапираниот Самоил – И по еден месец се уште ни трага од него

Анита Петровска Рајковиќ