Намален водостојот на Вардар кај Јегуновце

Од:

За повеќе од три пати е намален водостојот на реката Вардар на мерното место кај Јегуновце, додека на другите три мерни места е речиси ист со вчерашниот, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Нивоата на останатите реки во земјава се скоро исти со вчерашните и кај најголем дел од нив се пониски од просекот за ноември.

Понизок од просечниот е и водостојот на Охридското и Преспанското Езеро при што кај Охридското дополнително се бележи намалување за еден сантиметар во споредба со вчера. Со тоа нивото на Охридското Езеро е за 15 сантиметри пониско од повеќегодишниот просек за овој месец и е еден сантиметар над дозволениот минимум 693,10 (мнм). Преспанското Езеро, пак, е за 1,62 метра пониско од просекот и е 12 сантиметри под апсолутниот минимум 842,25 (мнм).

За разлика од другите две природни езера, водостојот на Дојранското Езеро е за 2,67 метри повисок од повеќегодишниот просек за ноември.

Би можело да ве интересира

Водостоите растат: Езерата и реките во Македонија бележат значително покачување

Зголемено ниво на реките низ земјата, метеоролозите најавуваат дожд утре

Рекордно зголемени водостоите кај Треска и Сатеска

Предраг Петровиќ

Зголемено нивото на реките, езерата во рамки на просекот за јуни

Зголемен водостојот на Преспанското Езеро

Ана Ололовска

Зголемен водостојот на Охридското Езеро

Ана Ололовска