Водостојот на реките е понизок од просекот за ноември, додека кај езерата има драстично зголемување на Дојранското езеро.
Хидролошките мерења покажуваат дека нивото на Дојранското езеро е 170 сантиметри што е значително зголемување во однос на просекот за ноември кој изнесува -81 сантиметар.
Нивото на Охридското езеро е за осум сантиметри пониско од просекот за ноември.
Кај реките исто е нивото на реката Вардар кај Јегуновце, каде се измерени 86 сантиметри, додека за двојно е намален водостојот на Вардар кај Велес каде се измерени 40 сантиметри во однос на ноемврискиот просек од 81 сантиметар. Намалување на водостојот има и реката Треска кај Македонски Брод каде се измерени -2 сантиметри за разлика од ноемврискиот просек од 21 сантиметар и кај реката Пчиња кај Катлановска бања каде се измерени 66 сантиметри за разлика од просекот во ноември од 127 сантиметри.