За два сантиметра е намален водостојот на Дојранското Езеро, а нивоата на останатие две природни езера во земјава се исти како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Сепак, водосотојот на Дојранското Езеро е за 2,85 метри повисок од повеќегодишниот просек за септември, додека нивоата на Охридското и Преспанското Езеро се пониски од просечните и тоа за девет сантиметри кај Охридското и за 87 сантиметри кај Преспанското Езеро.
Водостоите на реките, пак, најчесто бележат благо зголемување во однос на вчера.