НАкС: Претставки против организаторите на противзаконските избори за ректор на УКИМ

Од:

„Во текот на изминатото деноноќие, на само неколку дена пред закажаните избори за ректор на УКИМ, претседателот, членови и заменици-членови на Универзитетската изборна комисија си поднесоа оставки. Со овие оставки се алармира јавноста за спроведувањето на противзаконска процедура за избор на ректор на УКИМ.

Во текот на вчерашниот ден со соопштение до јавноста излезе Државната комисија за спречување на корупција, во кое Комисијата изнесе повеќе правни недостатоци во постапката за избор на ректор на Универзитетот. Согласно укажувањето на ДКСК, веднаш по завршувањето на вонредната состојба започнуваат да важат забраните предвидени во членот 8а од Изборниот законик и членот 34 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, со кои се забранува „да се започне постапка за вработување на нови лица или постапка за престанок на работен однос во државни и јавни институции, а
започнатите постапки се ставаат во мирување, освен во случаи на итни и неодложни работи“.

Продолжувањето на активностите за избор на ректор додека траат парламентарните избори претставува грубо прекршување на Изборниот законик. Затоа, Независниот академски синдикат до ДКСК ќе поднесе претставки за прекршување на Изборниот
законик против деканите, директорите, членовите на Универзитетската изборна комисија, членовите на изборните комисии на единиците и/или сенаторите кои на било кој начин ќе земат учество во понатамошната постапка за избор на ректор, вклучително и во евентуалната постапка за избор на нови членови на Универзитетската изборна комисија.

Известувањето на ДКСК доаѓа по извршениот инспекциски надзор од страна на Државниот просветен инспекторат. Иако заклучоците од надзорот на ДПИ се испратени на 18 јуни, Министерството за образование и наука сè уште нема донесено решение со кое ќе постапи според насоките на ДПИ и ДКСК. Оттука, бараме од министерот за образование и наука, гн Арбер Адеми, да ја заштити законитоста на постапките и да донесе решение со кое ќе се стопира изборот на ректор и ќе се побара отстранување и на другите правни недостатоци во спроведената постапка. Доколку министерот Адеми не донесе соодветно решение во најкраток рок ќе сметаме дека тој се става во заштита на противзаконскиот избор на ректорот, при што со недејствување ја загрозува универзитетската автономија“, пишува во соопштението на Независниот академски синдикат.

Би можело да ве интересира

НАкС: Потребно транспарентно финансирање, а не зголемување на студентската партиципација

Ректоратот бара, МОН ветува дека нема да се зголеми партиципацијата за студентите

Орце Костов

Кандидатите за ректор на УКИМ се претставија на трибина организирана од НАкС

Ана Ололовска

НАкС: Синдикалното здружување вреди

Ана Ололовска

НАкС: Поддршка за студентите за зачувување и унапредување на студентскиот стандард

Ана Ололовска

НАкС се приклучува кон барањата за усогласување на платите врз основа на зголемувањето на минималната плата

Ана Ололовска