Наков: Илиевски со својот говор на 27 април не ги повикува граѓаните да влезат во Собранието

Од:

Судењето за „крвавиот четврток“ денеска продолжи во доказна постапка со презентирање на доказите на обвинетиот Богдан Илиевски кој се смета за еден од организаторите на протестите „За заедничка Македонија“.

Во судницата се презентираат снимки од говорот на Илиевски на 27 април пред Собранието на РМ во кој на самиот почеток и се обраќа на масата велејќи гласно да ги поздрават пратениците кои со сила седат во Парламентот.

Според адвокатот на Илиевски, Дончо Наков, обвинетиот во ниту еден момент во својот говор не ја повикува масата да влезе во законодавниот дом односно Илиевски во говорот рекол дека целата ситуација ќе се заврши на избори.

– Може да се слушне бучниот поздрав на демонстрантите, но никој не се упатува кон Собранието. Може да се види структурата на на собраните кои се постари госпоѓи и пензионери. Ниту 1 од нив не се упатува кон Собранието после говорот на Богдан Илиевски, вели Наков.

Говорот се случува 30 минути пред насилниот упад на толпата во Собранието.

Адвокатот на Илиевски пред да почне да се емитува снимката од пред Собранието повлече поголем дел од спремените докази.

Претходно обвинетиот Борис Дамовски кој исто така се смета за организатор на протестите, идентично како и дел од останатите обвинети целосно ги повлече доказите кои ги имаат предложено во негова одбрана.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Судот нареди итна забрана за контролата на Маск врз американските платежни системи

Горан Наумовски

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

Катерина Ѓуровски

САД: Забраната за продажба на оружје на млади од 18 до 20 години е неуставна

Горан Наумовски

Сулејмани: Обвинителството на Ислам Абази даде позитивно мислење за амнестија на организаторите на 27 април

А1он

ДУИ: Го осудуваме ослободувањето на осудените за нападот на „27 април“

„Тоа е судска одлука“ вели Мицкоски за можната амнестија за организаторите во настаните од 27 април