Најт: Во Косово сме да обезбедиме стабилност за да може да има политичко решение

Од:

Сакам да изразам сочувство на семејствата на загинатиот офицер, и јас сум бил полицаец, ги знам опасностите кои што произлегуваат од оваа работа, меѓутоа знам дека вакви акции не се решение, изјави командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт.

На заедничката прес конференција по средбата со министерката за одбрана, Славјанка Петровска, одговарајќи на новинарско прашање во врска со случувањата во Косово, и неговата проценка на ситуацијата, Најт рече дека ова е многу сериозна активност.

– Ние сме таму 23 години, можам да кажам дека има решение. Таму сме да обезбедиме стабилност за да може да има политичко решение, меѓутоа, ова не е начинот тоа да се постигне, рече тој.

Полицискиот старешина Африм Буњаку беше убиен во неделата во напад на вооружена група на северот од Косово, а претседателката на државата, Вјоса Османи, го прогласи 25 септември за ден на жалост во државата.

Претходно, во одговор на новинарски прашања на прес-конференцијата со министерот за одбрана на Норвешка Бјорн Арилд Грам, министреката Петровска рече дека ситуацијата во Косово се следи одблиску, со оглед дека земјава со свои трупи учествува во мисијата на КФОР во Косово, и дека не е едноставно за кој било, како што рече, кога „во регионот има инцидент, особено кога е нападната полиција на одредена држава“.

Случувања во Косово ги осуди и премиерот Димитар Ковачевски, кој повтори дека нема опасност по безбедносната состојба во земјава. Според Ковачевски, зад она што се случи во Косово постои нечија агенда со цел регионот повторно да се види како регион на немир и кавга меѓу соседите.

Началникот на косовската полиција, Буњаку беше убиен, а уште еден граничен полицаец беше ранет во нападот од, според косовското МВР, околу 30 маскирани и униформирани лица, кои поседувале тешко оружје, во селото Бањска, кај Звечане во северно Косово.

По реакцијата на косовските специјалци, Обвинителството на Косово денеска потврди дека го пронашле мртвото тело на уште еден од осомничение напаѓачи на северот на земјата, со што бројот на убиените од редовите на вооружената и маскирана група која изврши напад врз косовски полицајци се искачи на четири.

Косовските власти, премиерот Албин Курти, претседателката Османи, министерот за внатрешни работи, Џељаљ Свечља и други, го посочија официјален Белград и директно српскиот претседател, Александар Вучиќ, како „нарачател, инспиратор, организатор и извршител“ на нападот, чија цел, според Приштина, била дестабилизацијата на Косово.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина