Најдоцна до март пресуди за Мијалков и Тачи во „Титаник 2“

Од:

Во кривичниот суд во Скопје денеска беше одложено рочиштето за предметот на СЈО, со кодно име „Титаник 2″, поради дополнителното вештачење за причинетата штета при прегласувањето на избирирачко место во Струмица на локалните избори во 2013 година.

Обвинителството и одбраната спореа околу висината на штетата, по што судот по случаен избор избра вештак за да се утврди штетата од прегласувањето.

На 8 февруари, СЈО ќе ги изнесе завршните зборови, а на 15-ти февруари завршните зборови ќе ги изнесе одбраната. До тогаш обвинетите и нивните адвокати ќе имаат време да направат увид во наодите од вештачењето.

Во случајот „Титаник 2“, за кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување се обвинети лидерот на ДПА, Мендух Тачи, и поранешните членови на ДИК: Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев. Ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, е обвинет за кривичното дело примање награда за противзаконито влијание.

Според обвинеинето на СЈО, Мијалков и Тачи се испазариле и успеале незаконски да биде поништено гласањето на локалните избори во Струмица во 2013 година.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Со еден од обвинетите била колешка, а со друг се познавала од слави: Судијката Димовска побара да биде изземена од Судечкиот совет во „Титаник“

Катерина Ѓуровски

Мијалков се спаси од Титаник 2, другите обвинети добија условни казни

Катерина Ѓуровски

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Јанакиески 3,5 години во затвор, условна казна за Јанкуловска за „Титаник“ реши Апелација

Катерина Ѓуровски

Судењето за „Титаник 2“ одложено за 14 јули

Застаре уште едно дело на Мијалков

Ана Ололовска