Најчевска: Зошто премиерот, а не претседателот на државата се обраќа до граѓаните?

Од:

Професорката Мирјана Најчевска на својот ФБ профил праша зошто премиерот, а не претседателот на државата се обраќа до граѓаните во врска со акцијата „Пуч“ и кривичната пријава за лидерот на опозицијата Зоран Заев.

Тој, пишува професорката воопшто и не е избран од граѓаните туку е именуван функционер. Таа сугерира формирање на технократска Влада за спас на граѓаните на Република Македонија.

Еве што објави Најчевска:

Зошто премиерот, а не претседателот на државата се обраќа до граѓаните. Тој воопшто и не е избран од граѓаните туку е именуван функционер.

Единствен избран со мнзинство од сите граѓани (барем формално) е претседателот на државата и тој треба дасе обраќа на ваков начин до граѓаните.

Премиерот треба да се обрати до Собранието пред кое одговара и кое го избрало.
Бидејки очигледно не можеме дасе извлечеме од кругот на политичко мерење и надмерување кое дирекрно влијае на добробитта на граѓаните, мислам дека е време за формирање не на техничка, туку на технократска влада, со цел спас на граѓаните на Република Македонија.

Никако не на политичка коалициона влада, туку на влада составена од стручњаци кои ќе обезбедат преживување на државата, воспоставување на основите на демократските институции и воспоставување на владеење на правото, наместо на политичкото самоволие.

Screenshot_16

Screenshot_15

Би можело да ве интересира

Најчевска до Османи: Мојот сопруг поднесе оставка во Прага поради неписмениот лакеј на Ахмети

Орце Костов

Најчевска: Нема друга држава која до последен момент не знае дали ќе има попис, ова нема врска со право

Кристијан Ландов

Најчевска: Не гледам суштинска разлика меѓу Мицкоски и Анѓушев

Ана Ололовска

Најчевска: Пратениците и функционерите треба да се проверуваат дали употребуваат психотропни супстанци

Кристијан Ландов

Најчевска: За напад врз полиција се врзуваат лисици, а не се води ја пријателски разговор во станица

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Најчевска: Граѓаните ги излажаа, нас не изиграа, реформи во правосудството нема

Ана Ололовска