Најчевска: За напад врз полиција се врзуваат лисици, а не се води ја пријателски разговор во станица

Од:

За било каков напад на полиција се легнува на земја, му се ставаат лисици на раце и се спроведува во полициска станица на распит, а не се води пријателски разговор, напиша на социјалните мрежи професорката Мирјана Најчевска во врска со вчерашниот инцидент каде високиот функционер на ДУИ, Бекир Асани, нападна полициска службеничка откако пајак службата му го кренало возилото на раскрсницата кај Мавровка.

-Секој напад на полицаец мора да биде строго казнет, а напад на жена полицаец уште построго. Така се бориш со мафија, и така воспсоставуваш почитување на полицијата од страна на секој граѓанин, напиша Најчевска.

Таа исто така во својот фејсбук статус прашува, што би можело да му случи на обичниот граѓанин и колку е тој незаштитен од ваквите политичари од кои ни самата полиција не може да ги заштити.

-Секојдневно слушам за случаи на насилство од страна на високи партиски кадри и државни функционери на ДУИ, и посебно за сексуално обоено насилсво, и никој не се осмелува да им се спротистави. Сега знам и зошто. Па тие и полицијата ја тепаат, а камоли некој обичен граѓанин, вели Најчевска.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи