Кога се една-две кривични пријави, станува непријатно. Човек се чувствува збунето и почнува да се преиспитува, дали навистина постапува правилно, дали некаде згрешил, ги чита законите и ја проверува правната логика, напиша професорката Мирјана Најчевска на најзиниот Фејсбук профил по информацијата дека 33 кивични пријави им се исречени на учесници во протестите во Скопје и Битола.
„Кога ќе се зголеми бројот на 10 -20 кривични пријави, станува страшно. Човек се чувствува како фатен во стапица, го притиска режимот од сите страни, безизлез кој не ветува добра разрешница.
Се до тој момент може да се најде логичко објаснување за кривичните пријави (иако не и правно), посебно доколку се упатени кон организатори, предводници или идеолози на одредено движење.
Кога бројот на кривични пријави ќе надмине 30, и кога тие им се лепат на деца со пластични пушки кои бојат наоколу, станува смешно. Го ослободува човека и тој одеднаш осознава дека од другата страна не стои никаква моќ, никаков застрашувачки непријател, туку улична банда на кецароши која е фатена во криминал и сега трча наоколу како мува без глава барајки излез и прета како кокошка на буниште обидувајки се да ги затскрие трагите. СМЕШНИ СТЕ БРЕ!!!“, пишува професорката најчевска на Фејсбук.