Најчевска поднесе оставка од Советот за реформа во правосудството – „Советот е параван за реформи“

Од:

Професорката Мирјана Најчевска се повлекува од Советот за реформи во правосудството, објави таа на Фејсбук. Таа испратила писмо до министерот за правда и членовите на Советот за реформа на правосудниот сектор со кое поднесува оставка на функцијата во ова тело.

„Изминатиот период јасно покажа дека ова тело е формирано само како параван за решенија кои се носат на друго место и служи за создавање лажна слика дека некаков екпертски тим има влијание врз реформските процеси во правосудството. Фактички, ова тело нема достап до никакви информации, нема удел во ниту едно реформско решение, и, не учествува во анализите на законите кои се менуваат. Јас како независен експерт и како универзитетски професор немам намера да служам за залажување на граѓаните и не дозволувам моето име да биде искористено во политичките промени кои се нарекуваат правни.

Да не остане ништо нејасно: поднесувам официјална оставка и изјавувам дека не сум ги видела законските текстови кои се влезени во собраниска процедура или е најавено дека ќе бидат ставени на дневен ред на Собранието (Законот за јавнообвинителска служба, Законот за кривична постапка, Законот за полиција, Законот за извршување, …)“, напиша Најчевска.

Би можело да ве интересира

Најчевска до Османи: Мојот сопруг поднесе оставка во Прага поради неписмениот лакеј на Ахмети

Орце Костов

Најчевска: Нема друга држава која до последен момент не знае дали ќе има попис, ова нема врска со право

Кристијан Ландов

Најчевска: Не гледам суштинска разлика меѓу Мицкоски и Анѓушев

Ана Ололовска

Најчевска: Пратениците и функционерите треба да се проверуваат дали употребуваат психотропни супстанци

Кристијан Ландов

Најчевска: За напад врз полиција се врзуваат лисици, а не се води ја пријателски разговор во станица

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Најчевска: Граѓаните ги излажаа, нас не изиграа, реформи во правосудството нема

Ана Ололовска