Најчевска: Наместо со Заев, Груевски да преземе истрага во ДБК и УБК кои давале документи на странски служби

Од:

Професор Мирјана Најчевска на својот Фејсбук-профил ги коментираше написите во некои медиуми дека лидерот на СДСМ Зоран Заев добивал материјали од странски служби.

Еве што напиша Најчевска:

najcevskaFBZAZAEV

Значи вака:

1. Не постои кривично дело – користење на материјал собран од страна на странски разузнавачки служби.

2. Не постои кривично дело давање документи за сторено кривично дело или приватни материјали на било кого.

2. Постои кривично дело издавање државна тајна на странска служба.

Според говорот на Груевски Заев е крив затоа што користел материјали ДОБИЕНИ од странски разузнувачки служби, а не за ДАВАЊЕ материјали на странски разузнувачки служби.

Тоа значи дека наместо да се занимава со Заев, Груевски мора да преземе сериозна истрага во ДБК и УБК од каде што очигледно биле давани документи на странски служби и веднаш да ги разреши одговорните на овие служби заради нарушување на безбедноста на државата.

Би можело да ве интересира

Најчевска до Османи: Мојот сопруг поднесе оставка во Прага поради неписмениот лакеј на Ахмети

Орце Костов

Организаторите на пучот во Германија купувале оружје и во Хрватска

Горан Наумовски

Пучдемон бара од Општиот суд на ЕУ да му го врати европратеничкиот имунитет за да избегне екстрадицијата во Шпанија

Ана Ололовска

Најчевска: Нема друга држава која до последен момент не знае дали ќе има попис, ова нема врска со право

Кристијан Ландов

42 илјади евра ќе му плати државата на Верушевски зашто бил неосновано притворен

Васко Маглешов

(ВИДЕО) Судот со двојни аршини: За „Пуч“ дозволи, за 27 април обвинението се оценува без јавноста

Васко Маглешов