Најбројни туристите од регионот, Скопје најпосетен

Од:

Македонија во февруари годинава ја посетиле над 15 илјади странски туристи. Најбројни биле од Грција, Албанија, Турција и Србија, а најголем број 6.614 туристи го посетиле Скопје.

Државниот завод за статистика објави дека бројот на туристи во февруари годинава изнесува 25.599, што е за 8,7 отсто повеќе во однос на февруари лани. Според објавените податоци бројот на ноќевањата изнесува 58.323, каде е забележано зголемување за 10,3 отсто.

Бројот на домашните туристи во февруари 2013 година, во однос на февруари 2012 година, е зголемен за 11,1 отсто, а бројот на странските туристи е зголемен за 7,2 отсто. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во февруари 2013 година, во однос на февруари 2012 година е зголемен за 12,8 отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 8, отсто.

Во периодот јануари-февруари 2013 година, во однос на овој период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 0,1 отсто при што кај домашните туристи има зголемување за 2,2 отсто, а кај странските има намалување за 1,5 отсто. Бројот на ноќевањата е зголемен за 1,1 отсто при што кај домашните туристи има зголемување за 4,4 отсто, а кај странските има намалување за 2 отсто.

Би можело да ве интересира

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Туристичките капацитети за празниците исполнети до 80 отсто

Горан Наумовски

Јаневски поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за туризам

Катерина Ѓуровски

Во земјава нема доволно кустоси, странски водичи раскажуваат поинаква историја за нашите локалитети

Катерина Ѓуровски

Прекугранични несекојдневни приказни кои ќе го развиваат туризмот во регионите на Пелагонија и Корча

А1он

Зголемен бројот на туристите и на ноќевањата

А1он