Најавена изградба на нов здравствен дом во рамки на Општата болница во Охрид

Од:

Охрид би требало да добие сосема нов здравствен дом, изграден по највисоки светски стандарди, најави на синоќешната трибина во Охрид министерот за здравство Венко Филипче.

Според кажаното, здравствениот дом е предвидено да се изгради во рамки на охридската Општа болница, а според проектот би бил составен од два блока, едниот со приземје и кат другиот со приземје и два ката, во чиј состав би била и мала административна зграда.

Зорица Блажевска од Архитектонски факултет од Скопје, која е еден од изработувачите на проектот, појасни дека во новиот објект би биле сместени службата за итна медицинска помош, педијатри, просторија за примање инфузии, лабораторија, диспанзер за деца од предшколска и школска возраст, трудова медицина, служба за рендген, патронажна служба, како и концесионери стоматолози и детска стоматологија.

– Блоковските структури имаат средишно поставени атриуми со цел сите содржини во објектот да се природно вентилирани и осветлени. Двата објекти се поврзани хоризонтално со коридор, а вертикалната комуникација е со скали и лифт, рече таа.

За министерот Филипче изградбата на објектот е во насока на заложбите за овозможување интергрирана услуга за пациентите.

Министерот Филипче информира дека ќе продолжи изградбата на новото крило на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија во болницата „Св.Еразмо“, со забелешка дека Охрид има одлични услови за развој на здравствен туризам и во иднина државата со поддршка на општинската власт активно ќе работи на создавање услови за развој на ваков тип туризам.

Што се однесува на проблемите со кои се соочува здравството министерот истакна дека преку вакви средби со граѓаните ресорното Министерство ги слуша потребите на пациентите, се со цел да се изнајдуваат најдобри решенија.

Планот со новиот здравствен дом е нова форма која сакаме да ја имплементираме, а тоа е да дислоцираме амбуланта од едно на друго место бидејќи старата е нефункционална несоодветна, подвлече Филипче според кој болниците во Охрид се одлични регионални центри кои нудат врвни услуги и затоа треба во нив да се инвестира и вложува, рече тој.

Би можело да ве интересира

Шести ден без струја во студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид

Министерство за транспорт: Инспекторатот ќе отстрани нелегален објект во старото градско јадро на Охрид

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните

Земјотрес со јачина од 3 степени утринава почувствуван во Охридско-струшкиот регион

Првите полски туристи од Вроцлав слетаа на аеродромот во Охрид, почнуваат две нови авиолинии од Вроцлав и Катовице

Охрид SOS со барање до Министерството за култура за итна привремена заштита на заштитена куќа во градот

Горан Наумовски