Наградата „Гоцева мисла“ за Ошлис, Калоѓера, Јанаќковиќ и Шабани

Од:

Во пресрет на 4 февруари, роденденот на Гоце Делчев, годинашната меѓународна награда „Гоцева мисла“ им се доделува на Волф Ошлис од Германија, Горан Калоѓера од Хрватска, Лилјана Јанаќковиќ од Србија и Ресул Шабани од Македонија.

Наградата ја доделува Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација Македонија Презент, а досегашни добитници беа: Златко Крамариќ (Хрватска), Олга Панкина (Русија), Даниела Костадиновиќ (Србија), Тања Попова (Бугарија) и Звонко Танески (Македонија).

Наградата се доделува во чест на роденденот на Гоце Делчев и неговата знаменита мисла „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“.

Доделувањето на наградите е во рамки на традиционалната меѓународна манифестација Фестивал на чајот и читањето, која и годинава ќе почне на 4 февруари, роденденот на Гоце Делчев, а ќе заврши на 8 март оваа година.

Би можело да ве интересира

Прогласени добитниците на 11. Меѓународни Медис награди за медицински истражувања

А1он

ССНМ и Томсон медија ги доделија наградите на ЕУ за истражувачко новинарство

Познати добитниците на највисоките признанија и награди на Општина Битола

Жарко Настоски

Државна награда за човекови права „Мето Јовановски“

Ана Ололовска

Марина Костова и Емин Аземи ја примија наградата „Јасмин“

Ана Ололовска

Утре ќе биде доделена државната награда „Св. Климент Охридски“

Ана Ололовска