Надолен тренд за Македонија во новиот извештај на Фридом Хаус

Од:

Во новообјавениот извештај на Фридом Хаус за слободата во светот, организацијата оценува дека Македонија во 2015 година има оценка од 3,5 и надолен тренд, кој се должи на аферата со прислушувањето. Според американската организација, на Балканот постои застој и Македонија, Косово и Босна покажале дисфункционалност.

nadolentrendFH

„Македонија доби надолна тренд линија поради натамошните информации за тешки недостатоци во изборите во 2014 година, кои доведоа до опозицискиот бојкот на Собранието. Новите информации се дел од поврзаниот скандал со распространетото владино следење на политички и верски лидери, новинари и приватни граѓани”, пишува во извештајот на Фридом Хаус. Поради оценките поврзани со изборите, Фридом Хаус во извештајот оценува дека Македонија не спаѓа во категоријата изборни демократии. Македонија останува во категоријата делумно слободни држави, во која на Балканот спаѓаат и Албанија, Босна, Косово и Црна Гора.

nadolentrendFH1

Во општи рамки, во извештајот на Фридом Хаус се оценува дека во 2015 година светот бил зафатен од бран на ксенофобија во демократските држави, поткопување на слободата и во државите кои зависат од извоз на нафта и другите природни ресурси чија цена паѓа насветските берзи и автократски напади врз дисидентите.

Ова е десетти по ред извештај на Фридом Хаус во кој се оценува дека, општо земено, се намалуваат глобалните права и слободи, но во овој извештај кај дури 72 земји е утврдено назадување. За регионот на Евроазија, во кој Фридом Хаус ја вбројува и Македонија, се вели дека бележи најголемо назадување на слободите, по регионот на Блискиот Исток и Северна Африка.

Би можело да ве интересира

Таравари по извештајот на „Фридом хаус“: Да се ​​отстрани корупцијата од власта, да се отвори вратата за новата генерација

Пад на Македонија во извештајот на Фридом хаус: Назадување во владеењето на правото и борбата со корупција

Македонија останува делумно слободна земја според „Фридом хаус“

Катерина Ѓуровски

Извештај на „Фридом хаус“: Северна Македонија забележала напредок, но и поларизација

Македонија останува „делумно слободна земја“ според Фридом хаус

Фридом Хаус: Слободата на интернетот опаѓа 12-та година по ред

Ана Ололовска