Над сто полициски службеници, хеликоптер, доброволци во активна потрага по Петар Џобоски

Од:

Министерството за внатрешни работи извести дека продолжува со интензивната потрага по детето Петар Џобоски, за кое неговиот родител пријави во петокот вечерта дека се оддалечило од домот во село Врбско, општина Прилеп.

„Веднаш се преземени мерки и активности за пронаоѓање на детето и во потрагата се ангажирани 102 полициски службеници, хеликоптер, службени кучиња, како и дрон.

Во потрагата се вклучени и членови на Територијалната противпожарна единица Прилеп, членови на спасителната служба „Златоврв“, ловното друштво „Мукос“-Прилеп, жители на околните села, како и граѓани доброволци од неколку градови“, соопшти МВР.

„Интензивната потрага продолжува се до пронаоѓање на детето. Уште еднаш апелираме и до сите граѓани доколку имаат било каква информација која би помогнала за пронаоѓање на детето, да ја споделат веднаш со полицијата и да помогнат во потрагата“, се вели во соопштението на Министерството за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари