Над 9.000 странски туристи во април ја посетиле Македонија, Турците и Србите најбројни

Од:

Над 9000 странски туристи ја посетиле земјава во април годинава, а од почетокот на годинава 42 586. Објаените податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека од странските туристи во април, чиј број е 9.103, најголем дел биле од Турција и Србија, а најпосетена дестинација била Скопје.

Вкупниот број на туристи и домашни и странски во април изнесувал 19.064, од кои 52,3 отсто се домашни туристи, а 47,7 отсто се странски туристи, а за перодот јануари-април годинава 97 735 и бележи намалување од 19,4 отсто во однос на тој период лани. Кај домашните туристи има зголемување за 23,3 отсто, а кај странските има намалување за 44,3 отсто.

Бројот на ноќевањата во април 2021 година изнесува 42.117, од кои 51,9 отсто се од домашните туристи, а 48,1 отсто од странските туристи.

Во периодот јануари-април 2021 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 12,8 отсто, и тоа кај домашните туристи има зголемување за 12,4 отсто, а кај странските има намалување за 32 отсто.

Би можело да ве интересира

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Туристичките капацитети за празниците исполнети до 80 отсто

Горан Наумовски

Јаневски поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за туризам

Катерина Ѓуровски