Над 664 милиони евра за Македонија од ИПА II 2014-2020

Од:

Вкупно 664,2 милиони евра односно 320 по глава на жител, се наменети за Македонија од ЕУ преку инструментот за претпристапна помош ИПА II 2014-2020.

Според Националниот стратешки документ ИПА II 2014-2020, кој денеска го промовираа вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими и евроамбасадорот Аиво Орав, средствата ќе бидат искористени за реализација на конкретни и стратешки активности во четири приоритетни области како демократија, владеење на правото и човековите права, социоекономскиот развој, образование и развој на човечки ресурси и земјоделство и рурален развој.

Вицепремиерот Бесими истакна дека ИПА 2 е цврст доказ дека партнерството на Република Македонија со ЕУ е на здрави нозе и дека Брисел цврсто продолжува да го поддржува проширувањето на Западен Балкан и во тие рамки на нашата земја.

– Уште еден аргумент за пријателството и заинтересираноста на ЕУ е фактот  што оваа втора рамка е поголема според износот од претходната. И покрај посткризниот период со кој се соочува ЕУ сепак земјите членки се определија дел од даноците што ги плаќаат нивните граѓани да ги доделат за проширувањето. За 2007-2013 година ИПА изнесуваше 614,5 милиони евра вклучително со пограничната соработка, ИПА 2  за РМ изнесува 664,2 милиони евра. Дополнително на ова од регионалниот фонд за развој на ЕУ ќе се користат средства за прекуграничната соработка, рече Бесими.

Според него, тоа е уште една обврска за нас овие средства да ги искористиме во најдобра можна форма и за реализација на стратешките цели.

Евроамбасадорот Орав истакна дека со цел да ја направи поефикасна примената на ИПА-средствата тие ќе бидат наменети согласно потребите на земјата за спроведување на неопходните рефоми за подготовка за исполнување на крајната цел –  членството во ЕУ. Тој изрази надеж дека овие средства ќе бидат искористени и за адресирање на препораките содржани во Извештајот на ЕК за РМ.

Според него, транспрантноста и отчетноста ќе овозможи информирање на граѓаните за успешноста на постигнатите реформи и на процесот на проширување.

На новинарско прашање вицепремиерот Бесими истакна дека искористеноста на ИПА компонентата за 2007-2013 лани изнесувала 37,3 отсто, а за годинава податоците ќе бидат соопштени во јануари следната година. Од 614,5 милиони евра на располагање потпишани се финансиски спогодби во вредност од 565,9 милиони евра, а вкупно 829 договори во вредност од 249,6 милиони евра се склучени и се во фаза на имплементација.

По промоцијата во Секретаријатот за европски прашања Бесими и Орав ја потпишаа и Спогодбата за финансирање за 2013 програмска година во рамките на ИПА СВС Програмата за прекугранична соработка Македонија – Грција. Со оваа последна спогодба која е дел од ИПА 2007-2013 година опфатени се 50 проекти од областа на економската соработка, во секторот животна средина, како и во областа на туризмот и културната размена.

Националниот стратешки документ ИПА II 2014-2020 е подготвен од државните институции во соработка со ЕУ, а во неговото креирање беше вклучен и граѓанскиот сектор. Усвоен е формално од ЕК во август годинава, а првата програма за 2014 е подготвена од институциите и е поднесена на одобрување во ЕК, што треба да се случи до крајот на годинава.

Според програмата, за демократија и владеење во счедните седум години ќе бодат алоцирани 122,9 милиони евра, за владеење на правото и човековите права 83 милиони евра, за животна средина и климатски акции 112,9 милиони евра коку и за транспорт, за конкурентност и иновации 73 милиони евра, за образование, вработување и социјални политики 53 милиони евра и 106,3 за земјоделство и рурален развој.

Би можело да ве интересира

Кошта: Не ни е потребна Унгарија за да го продолжиме процесот на пристапување на Украина кон ЕУ

Горан Наумовски

Орбан: Пристапувањето на Украина во НАТО би довело до војна Европа и би запалило „буре барут“

(ВИДЕО) Филипче: СДСМ обезбеди македонскиот јазик и идентитет во ЕУ да бидат чисти, признати и без никакви додавки, тоа беа нашите црвени линии

ЕУ ја критикува состојбата во Газа, но нема да го прекине трговскиот договор со Израел

26 од 27 членки на ЕУ ги поддржуваат заклучоците за Украина

Мицкоски: Владата го усвои Предлог законот за соодветна и правична застапеност

Горан Наумовски