А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Над 400 земјоделци од Радовиш протестираа пред седиштето на СДСМ

by А1он18/12/2012 - 14:09228
Share0

Земјоделците од Општина Радовиш денеска протестираа пред просториите на Општинската организација на СДСМ. Над 400 земјоделци со 50 трактори и земјоделска механизација го блокираа централното градско подрачје изразувајќи го својот револт против опозицијата која го блокира донесувањето на буџетот за 2013 година.

Добивај вести на вибер

Земјоделецот Лазар Манев вели дека со  недонесувањето на буџетот за 2013 година ќе бидат загрозени околу 4.000 земјоделци и нивните семејства, кои својата егзистенција ја обезбедуваат само од производство на земјоделски култури и тутун.

– Земјоделието е нашиот живот, нашата егзистенција. Ние немаме плати како пратениците на СДСМ за да гледаме мирно како се кочи буџетот за 2013 година. Во тој буџет се нашите субвенции без кој нема да може цела година крај со крај да врзиме. Ние имаме семејства за хранење и не мижеме мирно да гледаме како опозцијата го кочи буџетот, рече Манев.

Радовишките земјоделци велат дека доколку не се донесе буџетот нивните субвенции нема да се исплатат, а со тоа се доведува и плаќањето на сметките за струја, вода, но и образованието на нивните деца, кои студираат или учат во средните училишта во Штип, Струмица и Скопје.

budzetradoviszemjodelstvo

Би можело да ве интересира

48-годишен возач со автомобил удри во маж кој бил во инвалидска количка

Горан Наумовски08/03/2025 - 18:12

Буџет од 300 долари добива македонскиот амбасадор во САД, вели Мицкоски

Горан Наумовски12/02/2025 - 14:12

Советниците го изгласа Буџетот на Град Скопје за 2025 година

Горан Наумовски24/12/2024 - 18:05

Во сообраќајка тешко повредено е момче, со возило излетало од патот

Горан Наумовски24/12/2024 - 16:10

Полицијата уапсиле четворица крадци од Радовиш

Горан Наумовски18/12/2024 - 16:37

Димитриеска Кочоска: Буџетот за 2025 година обезбедува непречено функционирање на институциите и државата

Горан Наумовски10/12/2024 - 14:12
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен