Над 40 автобуси од Куманово на вонреден технички преглед

Од:

Над 40 автобуси од Куманово изутрина во 6 часот се испратени на технички преглед поради што учениците во Куманово останаа без превоз, а многумина и доцнеа на работните места.

Полицијата на технички преглед ги испрати автобусите на четири транспортни компании-Јоцо Турс, Глобус, Штуз и Оли Травел.

Сопствениците на компаниите не знаат што е причината за ваков итен преглед на автобусите и мини бусите и се надеваат дека до попладне ќе се нормализира автобускиот превоз.

avtobusiKumanovskotehnicki1

Техничкиот преглед, како што информираше портпаролката на МВР, Марија Јаковлевска се спроведува врз претходно подготвен план за утврдување на техничка исправност на автобуси и товарни моторни возила.

– Од досега извршениот технички преглед, утврдено е дека девет автобуси се технички неисправни, а во три имало претовар на ученици, изјави Јаковлевска.

Таа нагласи дека техничкиот преглед се уште трае, а дополнителни информации ќе има подоцна во текот на денот.

Би можело да ве интересира

Уште еден случај на затруено двегодишно дете во Куманово

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он