Над 3.500 пријавени од полицијата за вакцинација, неизвесно со која вакцина ќе се имунизираат

Од:

Вработените во Министерството за внатрешни работи се пријавуваат за вакцинација, а досега 3878 од нив потпишале согласност имунизација против коронавирус. Доколку се земе во предвид дека во МВР се вработени околу 12.000 лица, значи дека над 32 проценти се согласиле да бидат вакцинирани. Според Националниот план, тие се следни за имунизирање. Овој број на пријавени е евидентиран за само пет дена.

„Испратена е телеграма до сите организациони единици во МВР на 26.03.2021. Останува до крајот на неделава согласно телеграмата да се изјаснат и вработените кои не успеале да го направат тоа до денеска“, велат од МВР за „А1он“.

Инаку, во полицијата има 421 вработен кои се заразени со коронавирус, а решение за изолација имаат 262 вработени. Над 50 позитивни случаи има во СВР Скопје, СВР Велес, Одделот за граѓански работи и Одделот за гранични работи. Во овие организациски единици при МВР имаат и над 20 лица кои се во изолација.

Национална техничка група за имунизација донесе одлука од понеделник да се вакцинираат вработените во МВР кои се најизложени на ризик, а за кои треба да достават списоци согласно ризикот.

Имунизацијата требаше да почне од понеделник, но откако Министерството за здравство препорача вакцинација на лица под 65 години со „Астра зенека“, неизвесно е дали таа ќе започне следната недела.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари