Над 2400 граѓани во изминативе два дена го донирале повратокот на ДДВ за справување со последиците од коронавирусот

Од:

Апликацијата „Мој ДДВ“ дозволува повратокот од кварталот јануари-март, секој граѓанин да го врати на државата и на тој начин да учествува во борбата со вирусот поради кој е прогласена пандемија. Уредбата за враќање на повратот на ДДВ беше донесена пред два дена од страна на Владата.

Исплатата на повратот на ДДВ ќе започне на 6 мај. Претходно, министерката за финансии, Нина Ангеловска, на почетокот од месецов кажа дека и покрај економската криза, сите граѓани кои скенирале фискални сметки, ќе ги добијат парите на своите трансакциски сметки.

Владата објави и сметка за донации за помош и поддршка за справување со економско-здравствената криза предизвикана од коронавирусот КОВИД–19.

„Уплатата на средствата (во денари) за донација се врши на образец ПП 50, и се пополнува на следниов начин: Назив на примач: Трезорска сметка, Влада на Република Северна Македонија, банка на примач: НБРСМ, трансакциска сметка: 100 000000063095, сметка на корисник: 0400100078785С9, приходнa шифра: 744111 (за правни лица), приходнa шифра: 744211 (за физички лица), програма: Р1, цел на дознака: Финансиска помош – КОВИД – 19“, информираа претходно од Владата.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Со „Мој ДДВ“ за четири години кај граѓаните се вратени 6.6 милијарди денари или 107, 5 милиони евра

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

УЈП: Апликацијата МојДДВ е прилагодена на повисокиот лимит по корисник

Катерина Ѓуровски

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Со одлука на пратениците, граѓаните ќе може да заработат плус 300 денари од скенирање сметки

Орце Костов