Над 150 медицински работници се пријавиле за помош во Турција

Од:

Министерот за здравство Беким Сали денеска во изјава за медиумите кажа дека на јавниот повик што го објави Министерството за здравствени лица кои би се упатиле кон погодените места во Турција од земјотресот до синоќа се пријавиле 150 доброволци.

Министерот рече дека до 12 часот денеска ќе го имаат прелиминарниот список на доброволци што ќе го понудат во Центарот за управување со кризи, а потоа преку НАТО комуникација со турските власти ќе ги информираат за човечките и материјалните ресурси кои ги имаме на располагање.

Исто така, како што посочи тој, двете комбиња специјализирани за интензивна нега што ги добиваме како донација за Клиниката за педијатрија, комплетирани со два тима од доктор, шофер и медицинска сестра се подготвени да заминат до погодените места, но како што вели Сали, мора прво да се испочитуваат сите протоколи за комуникација, односно да го добиеме одговорот од Турција за тоа што конкретно им е потребно.

Сали информира и дека има список на лекови кои го обезбедиле преку компании и донатори кои исто така ги ставаат на располагање.

Би можело да ве интересира

Филипче и Сали први на распит кај Мизрахи: Анкетната комисија за Онкологија почна со работа

Орце Костов

Беким Сали го одобрил приемот на амбулантитите и исплатата, да престане да манипулира реагира Министерството за здравство

Беким Сали: Жртвите од Тетово изгореа по вторпат, а Ковачевски и Меџити го наградија Анѓушев

Орце Костов

Бебето извлечено од урнатините по земјотресот во Сирија е здраво и среќно

Горан Наумовски

Македонија собра еден милион и 150 илја евра за настраданите во катастрофалните земјотреси во Труција и Сирија

Катерина Ѓуровски

Бројот на загинати во земјотресите во Турција на 6 февруари продолжува да расте

Ана Ололовска