Над 1.500 мигранти пристигнаа на табановце, најголем дел се упатија кон Србија

Од:

Во транзитниот центар Табановце, денеска околу пладне пристигна еден воз со единаесет композиции со околу 1.430 возрасни бегалци и над 150 деца. Бeгалците добија храна, облека, ќебиња, топли напитоци и од Црвениот Крст и од невладините организации кои им помагаат на мигрантите кои транизитираат во Македонија. Најголем дел од нив, по кусиот престој во Табановце се упатија кон соседна Србија.

Раководителот на РЦУК Куманово и координатор на транзитниот центар, Горан Стојановски, информираше дека обезбедно е греење во сите објекти во центарот и дека во моментов се работи на поставување на дополнителни тоалети, по пет за мажи и жени и два за лица со инвалидитет. Тој соопшти дека до 15 февруари ќе заврши тендерската постапка за решавање на проблемот со тоалетите при што ќе се постави биоразградлив систем кој нема да ја загадува непосредната животна средина, околината, водата, што е во интерес на месното население.

– Планирано е и поставување на 23 контејнери исклучиво за сместување на бегалците со можност за спиење, опремени сo кревети и затоплување, така што во наредниот период, не би рекол дека ќе се шириме, туку ќе го надополниме сето она што беше предвидено, а немавме услови да биде достапно, изјави Стојановски.

Информираше дека транзитниот центар располага со доволен број објекти и има можност да опслужи повеќечасовен прифат истовремено на 1.000 мигранти кои тразнитираат низ Македонија.

Денеска, помош на мигрантите им понуди и Драган Манев, волонтер од Велес, кој изјави дека заедно со сопругата им помагаат на мигрантите со храна и топла облека. Сакаме да помогнеме колку можеме, вели Манев, тоа е човечки.

Би можело да ве интересира

30.000 деца-мигранти годинава се обиделе да го преминат смртоносниот Панамски теснец

11 лица од Непал сакале илегално да влезат од Македонија во Грција – депортирани се

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море