Евгенија Нацулиду ќе ги брани правата на Македонците во Грција

Од:

Евгенија Нацулиду, активист за правата на Македонците, прв официјален претставник на Обединетата македонска дијаспора (ОМД), во Грција.

Таа по потекло е од Воден, и со години се занимава со правата на етничките Македонци во Грција. Ко-основач е и на едукативното и културното здружение на Воден.

„Нашата организација ја претставува дијспората, надвор од географска Македонија, но мислиме дека е многу важно да се има претставници секаде каде што има Македонци и тоа е причината зошто ОМД одлучи да има свој претставник во Грција, да се брани културата и човековите права на Македонците во таа држава“, изјави Мето Колоски, претседател на ОМД.

„Доста загрижени од првите постапки на премиерот Андонис Самарас откако ја зема власта во Грција, со поставувањето на кратенката БЈРМ на автомобилите од Македонија.

За нас тоа е селективна употреба на Времената Спогодба. Исто така, загрижени сме од обновата на Министерството за Македонија и Тракија, по три години, откако тоа беше затворено од Владата на Папандреу, а по препорака на Европската Комисија и на Тројката, за намалување на трошоците на грчката Влада“, изјави Колоски.

 

Би можело да ве интересира

Дијаспората лани испратила во земјава 310 милиони евра или 2 проценти од БДП

ВЛЕН: ДУИ продолжува да молчи, со каков договор наредија бришење на дијаспората од пописот?

Горан Наумовски

Мицкоски со дијаспората во Њујорк: Вие сте нашата жива и постојана врска со светот

A1on

Дијаспората ќе гласа само за претседател, нема доволно пријави за изборите на пратеници

Катерина Ѓуровски

Дијаспората незаинтересирана за гласање во Македонија: Досега пристигнати 209 пријави

Османи: Има паника кај граѓани во дијаспората дека после 12 февруари ќе ги загубат работните места и дозволите за престој

A1on