А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Нацрт законот за ратификација на Договорот од Преспа доставен во грчкиот Парламент

by А1он19/01/2019 - 15:39246
Share0

Нацрт-законот според кој се ратификува и стапува на сила Договорот од Преспа денеска беше доставен до грчкиот Парламент, веројатно в понеделник попладне ќе се разгледа на Комисијата за национална одбрана и надворешни работи, а се очекува да се изгласа до петок, јави дописничката на МИА од Атина.

Добивај вести на вибер

Доставениот нацрт законот од Министерството за надворешни работи на Грција е под наслов „Ратификација на конечниот договор за решавање на разликите кои што се објаснети во одлуките на Советот за безбедност на Обединетите нации 817 (1993) и 845 (1993), прекинување на Времената спогодба од 1995 година и воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните“, а содржи 3 члена.

Првиот член е потпишаниот договор во целост, вториот член се однесува на подигањето на нивото на Канцеларијата за врски во Скопје во амбасада и на Канцеларијата за конзуларни, економски и трговски работи во Битола на ниво на Генерален конзулат. Третиот член објаснува дека законот стапува на сила по објавувањето во Службен весник, а договорот по ратификацијата согласно членот 20.

Нацрт законот со датум 18 јануари 2019 е потпишан од грчкиот премиер Алексис Ципрас и министрите од неговата влада.

В понеделник напладне, претседателот на Парламентот, Никос Вуцис ќе одржи состанок со неговите потпретседатели за да се одреди парламентарната процедура.

grcijaprespanski dogovor

Би можело да ве интересира

Грчката бизнис асоцијација го продолжува своето силно присуство во земјава

Катерина Ѓуровски17/02/2026 - 10:1017/02/2026 - 10:12

Висок грчки офицер e уапсен за шпионажа

Горан Наумовски08/02/2026 - 15:4008/02/2026 - 15:49

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Горан Наумовски04/02/2026 - 20:2104/02/2026 - 20:45

ВИДЕО: Трагедија во Грција: 15 мигранти загинаа во судар на чамец и патролен брод

Катерина Ѓуровски04/02/2026 - 09:15

ВИДЕО: Невремето во Грција однесе две жртви

Катерина Ѓуровски22/01/2026 - 09:35

Снежна бура во Грција, училиштата затворени во неколку региони

Горан Наумовски21/01/2026 - 22:19
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен