Нацрт-законот за малцинства во Албанија на јавна распарава

Од:

Во функција на донесување на законот за малцинства во Албанија, неговата драфт верзија е на јавна распарава, а албанското Министерството за надворешни работи преку јавен повик побара од сите заинтересирани страни да ги достават своите забелешки и сугестии до 28-ми овој месец.

Во тие рамки, во Тирана во организација на Народниот правобранител се одржа конференција на која свои излагање околу содржината на проект-законот за заштита на малцинствата имаа Народниот правобранител Игли Тотозани, заменик-амбасадорот на ОБСЕ во Албанија, преставници од албанското МНР, како и преставници на малцинствата во Албанија.

Според Васил Стерјовски, генерален секретар на единствената партија на Македонците, Македонска алијанса за европска интеграција – МАЕИ, Македонците како и сите други малцинства во Албанија  активно учествуваат во подготовката на Законот, кој првпат ќе биде донесен во оваа земја.

На Коференцијата, додава тој, од страна на претставниците на малцинставта беа презентирани нивните ставови и очекувања дека конечно ќе ги добијат нивните легитимни права.

Се очекува со неговото усвојување, Македонците ќе добијат можност македонскиот јазик, покрај во селата на општина Пустец, да го изучуваат и во областите Голо Брдо, Гора, каде концентрацијата на Македонците е најголема, но и насекаде каде што има Македонци во поголем број.

Би можело да ве интересира

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија

Воздушниот простор над Израел затворен за цивилни летови, МНР и Амбасадата во Тел Авив апелираат до македонските државјани да ги следат информациите и да ги контактираат за помош

Предраг Петровиќ