Националистите во Грција одбележуваат пет години од ветото во Букурешт

Од:

Грчкиот информативен портал Њузбомб, кој воглавно има националистички ставови за се што е во врска со Македонија, објави текст со кој се одбележуваат пет години од „храброто не“ на тогашната влада на Костас Караманлис за влезот на Македонија во НАТО.

nato-veto-bukurest1Под наслов „Пет години по ветото во Букурешт за Скопје“, тогаш кога владите велеа и НЕ!“ во текстот се потсетува на она што се случуваше пред Самитот на Алијансата и за „притисоците врз грчката Влада кои биле многубројни и големи“.

– Деновиве пред пет години, од 2 до 4 април се одржа самитот на НАТО во Букурешт. Тогаш премиерот Костас Караманлис рече НЕ за влез на Македонија во НАТО и стави вето додека не се реши прашањето за името преку преговори. По големото спротивставување и од Скопје и од повеќето наши партнери во НАТО, грчката Влада не го смени својот став. Нашата Влада тогаш јасно даде до знаење дека истиот став ќе биде применет и во односите меѓу Европската унија и Македонија, пишува порталот.

Според Њузбомб, оние кои тогаш одблизу ги следеле настаните, знаат дека „климата што се создала за грчката Валада пред самитот во Букурешт била многу тешка, до непријателска“. Како и да е, владата на Караманлис уште пред самиотот јасно ги кажала своите позиции и тој категорично изјави дека ќе стави вето на влезот на Македонија во НАТО се додека не се најде взаемно прифатливо решение за прашањето за името, наведува грчкиот медиум.

Во напорите да се промени ставот на Грција „беше мобилизиран дури и тогашниот американски претседател Буш, кој кога пристигна во Букурешт изрази оптимизам дека на крајот ќе се најде решение и Македонија ќе и се приклучи на Алијансата“.

5-godini-vetonato

– Атина преку дипломатски канали истакна дека тоа е неприфатливо, ако не се задоволи грчкото барање, по што следеше драматична средба меѓу министерот за надворешни работи на Грција Дора Бакојани и американскиот државен секретар Кондолиза Рајс, по која Бакојани му ја пренесе негативна клима на Караманлис, пишува порталот.

Воедно, се додава дека Караманлис потоа телефонски разговарал со претходникот на Бакојани, Моливијатис, кој бил човек од апсолутна доверба на премиерот, по што ја зацврстил одлуката да стави вето, како што и се случи утредента на 4 април.

– Дури и денес многумина се оние кои веруваат дека Караманлис скапо и на разни начини го плати тоа НЕ на кое се осмели во Букурешт, но, се разбира, и други поенти од неговите политики… И ова е потсетник на важноста на тие денови… Имаше и влади кои велеа НЕ, во минатото“ заклучува грчкиот информативен портал.

Текстот на Њузбомб го пренесоа повеќе грчки медиуми.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски