Владата на денешната донесе одлука за набавка на брзи антигени тестови за Ковид-19. Како што соопшти владината Прес-служба набавката ќе се спроведува со постапка на преговарање без објавување оглас согласно Законот за јавните набавки, според кој оваа постапка може да се спроведе „доколку поради крајна итност, предизвикана како резултат на настани кои договорниот орган не можел да ги предвиди, роковите за другите постапки не може да се применат“.
– Со цел обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Коронавирус КОВИД-19 Владата донесе заклучок да се достави барање до Министерството за одбрана да дозволи дополнително распоредување на медицински лица од редовите на ова Министерство за потребите на јавните здравствени установи во државата, се наведува во соопштението.
Врз основа на препораката на Комисијата за заразни болести, на денешната седница на Владата се усвоени и измените и дополнувањата на Протокол за превенција од инфекција и контрола за безбедно управување со телата на починати лица од КОВИД-19.