На тетовец му го украле „Туарегот“, во измамата помогнала нотарска помошничка

Од:

38-годишен измамник од тетовското село Желино успеал да одземе автомобил за кој требало да изврши градежни работи, без да ги изврши работите. Вработена во нотарска канцеларија помогнала во измамата, велат од полицијата.

„Во Полициската станица Тетово, 55-годишен жител на тетовско село пријавил дека бил измамен од Р.В.(38) од с.Желино, тетовско. Според пријавеното, тие пред нотар во Тетово склучиле договор пријавениот да му изврши градежни работи, а за возврат му било дадено патничко возило „фолксваген туарег“ во вредност од 12.000 евра, а градежните работи чинеле 10.000 евра,“ се вели во полициското соопштение.

„Како што е пријавено, во договорот стоело дека Р.В. не смее да го отуѓува возилото додека не ги изврши градежните работи, но тој ниту ги извршил градежните работи, а со помош на вработена кај нотарот го отуѓил возилото,“ велат од полицијата, додавајќи дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

МВР: Ива Михаилова нема евидентиран излез од Македонија и влез во Бугарија

Горан Наумовски

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка