На Табановце запленети 3.200 пакувања лекови

Од:

Царинските службеници од граничниот премин Табановце – автопат спречија обид за криумчарење лекови за човечка употреба. Како што соопшти Царинската управа, привремено се задржани над 78 илјади разни таблети, капсули, масти, капки и ампули.

Вчера, во пладневните часови, за влез во државата се пријавило патничко моторно возило со македонски регистарски ознаки, управувано од македонскиот државјанин Б.Д., во придружба на лицето С.Д., исто така македонски државјанин. Патниците изјавиле дека немаат ништо за пријавување за царинска контрола, но царинските службеници одлучиле да извршат контрола на возилото при што во багажникот пронашле 7 картонски кутии полни со различни видови лекови.

Вредноста на лековите, кои се со потекло од Грција, е процената на преку 380 илјади денари.

Согласно Законот лекови и медицински помагала, увозот и транзитот на лекови за физички лица е дозволен само во количини за лична употреба и со потврда од матична здравствена установа дека соодветствуваат на препишаната терапија.

Осомничениот е предаден на инспектори од Одделението за истраги. По завршувањето на истагата ќе биде поднесена соодветна пријава за утврдување на неговата одговорност.

Би можело да ве интересира

Разговорите Кина-ЕУ за царината на електрични возила завршија со несогласувања

A1on

Германија воведува контроли на своите граници

Горан Наумовски

Спречен шверц на копачки, парфеми и облека

Спречен шверц на брендирани производи, цигари и девизи

ВМРО-ДПМНЕ: Парите што се краделе од СДС и ДУИ сега завршуваат во буџетот

Ројтерс: Се намалува бројот на илегални преминувања на мексиканско-американската граница