А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

На Табановце запленети 117 килограми марихуана

by А1он15/06/2013 - 13:42176
Share0

Царинската управа на Република Македонија заплени 117 килограми висококвалитетна дрога марихуана во автобус со албански регистарски таблички.

Следете a1on на Instagram Instagram

Дрогата била спакувана во 144 пакувања скриени во шуплините над предните и задните тркала преку багажниот простор и во просторот за вентилација над седиштата во автобусот.

Автобусот марка „Неоплан“ со албански таблички, управуван од сопственикот, Е.Б. од Тирана, вчера околу 20 часот и 30 минути се пријавил за излез од Македонија. Во автобусот имало уште едно лице како втор возач К.Б. и околу 20 патници.

Царинските службеници се посомневале и извршиле детален преглед на автобусот затоа што возачите изјавиле дека одат за Белград, а на шофершајбната од автобусот стоела налепница  Тирана – Скопје. Исто така, според исказите на патниците, од моментот на тргнување од Тирана, до граничниот премин Табановце возачите воопшто не го вклучиле системот за вентилација.

Следете a1on на Youtube YouTube

Осомничените и дрогата се предадени на инспектори на Одделението за истраги за натамошна постапка. Утврдено е дека Е.Б. и К.Б договориле транспорт на марихуаната преку Косово, Македонија до Белград каде требало да ја предадат на српски државјанин, а тие да го продолжат патувањето преку Унгарија до Фрајбург, Германија.

Дрогата била сместена во автобусот на 11 овој месец во селото Фарк, Албанија, а ја доставил албански државјанин со автомобил марка „опел“. На 14 јуни околу 06:30 часот, К.Б. се договорил со Е.Б. да го довезе автобусот до центарот на Тирана од каде, по качувањето на патниците, во 07:30 часот тргнале за Германија преку Косово. Попладнето околу 17.30 минути преку граничниот премин Блаце, влегле во Македонија, а околу 20.30 часот пристигнале на Табановце – автопат.

Против сторителите поднесена е кривична пријава за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Тие се изведени пред истражен судија.

Од почетокот на годината, на граничните премини на државата откриени се вкупно 13 случаи на пренос на дрога. Вкупната заплена на марихуана до сега е 640 килограми од кои девет случаи се откриени на граничниот премин Табановце каде се запленети 306 кг марихуана.

drogagranica

Би можело да ве интересира

Пламна пожар на границата меѓу Србија и Хрватска – гореше шума и ниската вегетација

Горан Наумовски17/08/2026 - 15:24

Во Солун сузбиена меѓународна криминална група, уапсени македонски и косовски државјанин

Предраг Петровиќ14/08/2026 - 21:4514/08/2026 - 22:14

Откриена е криминална група за трговија со дрога, запленети околу 300 килограми марихуана

Горан Наумовски14/08/2026 - 15:24

Запленети се 21 тон дрога со висок квалитет

Горан Наумовски06/08/2026 - 06:54

Застој на „Евзони“ за влез во Македонија – се чека и по 4 часа на 36 степени

А1он31/07/2026 - 18:2131/07/2026 - 19:34

Метеж на граница кон Грција – за излез од Македонија се чека околу два часа

А1он25/07/2026 - 08:5525/07/2026 - 09:11
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео